Suplement

Колагенот има голема улога во поздравото стареење на телото и во подобрувањето на движењето на зглобовите и мускулите. Примената на Collivita колаген  допринесува за подобрување на општото здравје и мобилност на телото.

Collivita е чист, 100 % природен  говедски хидролизиран колаген тип 1 и тип 3, произведен во соодветен сооднос, кој во себе содржи дури 94%  протеини.

Супериорниот германски квалитет на оваа формулација има висока содржина на значајни аминокиселини кои се грижат за вашата кожа, нокти, коски и зглобови како и за сеопштото здравје на организмот.

Collivita содржи дури 19 аминокиселини кои како есенцијални компоненти му се потребни на организмот. Аминокиселините пролин, хидропролин и глицин, кои се во голем процент застапени во овој прашок, се неопходни за здрави зглобови, коски и сврзни ткива, но и за еластичност на кожата.

Бројните клинички студии, направени во светот,  докажуваат дека со примена на хидролизиран колаген , кој има висока содржина на амино киселини,  се овозможува формирање на колаген во организмот и се потикнува изградба на еластин во кожата.

Collivita колагенот  е без мирис и вкус, без адитиви, без шеќери, без конзерванси, без алергени, нон-ГМО и е 100 % природен извор на протеини.

Примена:

Со цел да се достигне дневната доза за максимално искористување и постигнување на најдобри резултати и ефекти, се препорачува да се консумираат една до две кесички на Collivita колаген на ден.

Ефектите на примена на колаген како и максимлна ресорпција во организамот, се поизразени доколку со примена на Collivita колаген внесувате и витамин Ц.

Една кесичка колаген содржи 5 г чист говедски хидролизиран прашок на колаген тип 1 и тип 3.

Поради прецизниот и внимателен избор на аминокиселини во соодветен сооднос Collivita колагенот тип 1 и тип 3 во облик на прашок, има одлична растворливост во вода, напитоци, смутија, но може да се додаде и во било која храна, со цел да се задоволи дневниот внес на колаген во организмот.